„Сметам дека генерално граѓаните не се задоволни од првите 100 дена влада поради најголемиот проблем напуштањето на стратешките правци односно членството во ЕУ“ рече Благој Бочварски од СДСМ во дебатата на тв Телма.
Според него, „недозволиво е да се попречи напредокот кон европското семејство. А тој напредок не значи само декларативно станување земја членка на Европската унија, туку тоа значи и подобар живот на граѓаните и според мене ова е еден од клучните пропусти на оваа влада и е нешто што без дискусија без некаква дебата“.
„Се сеќавате само пред неколку недели претставниците на владата беа во Брисел со некаков нов предлог за којшто веќе не се ни дискутира, што значи дека се напушта процесот на евроинтеграции што е нешто кое што не смееше да се случи во првите 100 дена, рече Бочварски.