Двата главни гасоводни крака во државава се очекува да бидат завршени во текот на 2021 година, после што би се продолжило со нивно меѓусебно поврзување, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Алсат М, најавувајќи дека во следните пет години гасот ќе стигне и во домовите.
-Во 2021 очекуваме да се завршат овие два крака, до Битола и до Гостивар, но работиме и на продолжување на кракот од Гостивар кон Кичево и двата крака да се спојат на југ, кај Охрид со што ќе имаме еден прстен. Тоа би било во наредните неколку години, но овие два крака би ги завршиле во текот на 2021 година. Јас сум убеден дека во следните пет години граѓаните ќе добијат гас до своите домови – рече Бочварски.
Министерот додаде дека проектот ќе се изведува по модел на јавно приватно партнерство.