Бочварски: Можни се предвремени локални избори во Штип

by fokus

Можно е одржување предвремени локални избори во Општина Штип, најави градоначалникот на општината, Благој Бочварски, кој си заминува од оваа функција бидејќи е предложен за министер за транспорт и врски.

-Јас и досега имав назначено заменик градоначалник од редот на советниците, постапката ќе ја продолжи општината и ќе се преземат сите наредни чекори, ќе се избере в.д. градоначалник кој ќе ја извршува таа функција се до следните локални избори. Законот е јасен па ќе го толкуваат и нашите правници. Реална е можноста да се оди на предвремени локални избори, нека толкуваат правниците, како ќе се одлучи – така. Најверојатно ќе има предвремени избори, има одредби колку може да трае мандатот на в.д. градоначалникот. Општина Штип ќе продолжи да се развива со сета можна поддршка од моја страна, рече Бочварски.

Тој искоментира дека пожртвуваноста му ја донела новата позиција.

-Се будев и легнував со предизвиците за мојот град и граѓаните. Ова беше препознаено од мандатарот и јас сум единствениот градоначалник кој има чест да го води ова гломазно министерство. Со ист жар ќе се борам за она што ни е важно денес и за идните гренерации, рече Бочварски.

Поврзани новости