„Скоро 140 пати автобусот на Беса транс минувал граница и возел без дозвола. Тој поминувал полициски контроли, царински контроли и инспекциски контроли и сите тие свесно ги пропуштале без целосна документација.
Бочварски и Спасовски не можеле да не знаат дека оваа фирма вози цела година и повеќе без лиценци, и е толерирана од сите државни служби истовремено. Заштита од овој вид не може да пружи ниту еден индивидуалец во институција“, соопштуваат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кој дал наредба автобусите на Беса транс да поминуваат граница над 100 пати без дозвола? Кој ќарувал од нелегалниот бизнис на Беса транс кој однесе 44 животи?
Спасовски и Бочварски не можеле да не знаат, тие имале должност да знаат. Затоа и двајцата мора да си поднесат оставки.
Само со оставки на Спасовски и Бочварски ќе се ослободат институциите и ќе може да се утврди кој и зошто ја толерирал Беса транс, и дали тој некој е во врвот на власта?“, прашуваат од опозициската партија.