Бочварски: Го фаќаме чекорот за модернизација и рехабилитација на патната инфраструктура

by Fokus

За интерконекторот со Грција се работат инфраструктурните проекти, односно  урбанистичкиот план преку кој ќе влеземе на трасата на кој ќе се гради гасоводот, а потоа следат постапките за експропријација и сите останатите процедури со издавање одобрение за градење, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во денешното гостување на „Утрински брифинг“.

Тој порача дека е важно капиталните инвестиции да продолжат и истакна дека во Министерството за транспорт и врски, се приоритетни сите проекти, за гасоводите, автопатите, како и активностите за експропријацијата.

-Гасоводот кон Битола е веќе завршен, кон Гостивар е исто така при крај, а кон Грција за кој бараме дополнителни средства веќе се прави урбанистичкиот проект за да може потоа да се влезе во градба, рече Бочварски.

Според него, постојано се зголемуваат буџетските средства за изградба на патна инфраструктура, а годинава, како што нагласи, имаме најголем буџет во историјата на државата за изградба и обнова на патната мрежа. Во тек е, информираше, изградба на 118 километри експресни  и на 80 километри локални патишта, а се обновуваат 230 километри.

-Ние сега го фаќаме чекорот за модернизација и рехабилитација на патната инфраструктура, но ако во изминатите години се инвестирало како сега сигурен сум дека денеска ќе имавме подобра инфраструктура, рече Бочварски.

Поврзани новости