Граѓаните да избегнуваат поголеми собири, за да не дојде до преполнување на болниците, апелираше денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.
-Денеска донесовме неколку заклучоци и апелираме граѓаните и правните лица да ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема. Да се избегнуваат поголеми собири, посебно во затворен простор со цел зачувување на здравствените капацитети во периодот којшто следи. Граѓаните да ја почитуваат мерката за изолација и да даваат точни информации за нивните контакти. Вработените во приватниот сектор каде има болни од ковид-19 да ги испратат вработените на годишен одмор. Да продолжи да функционира ковид-координаторорите и непосредната комуникација на институциите на централно и локално ниво, порача Бочварски.