Бочварски чека Ковачевски да одлучи дали ќе остане министер

by Фокус

Не е мое да дискутирам кој би бил одговорен на кој ресор во идниот период, тоа е прашање кое ќе го одговори идниот мандатар, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, откако се појавија информации дека неговото место ќе го заземе Петре Шилегов.

-Сега е време да работиме, а не да лицитираме со имиња или да дискутираме кој каде се гледа. Тоа е работа на идниот мандатар. Денеска очекуваме да биде поднесена оставката од претседателот на Владата, а со тоа и на целата Влада за потоа во законски утврдените рокови идниот мандатар си ги направи својот кабинет и својот тим – рече Бочварски.

Тој додаде дека стои на располагање да му помогне на идниот мандатар, кој треба да биде новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

Спасовски останува, Маричиќ и Николовски ротираат, кој ќе влезе во новата влада?

Поврзани новости