710
Бобан Црничиќ е нов директор на ЈП „Улици и патишта“. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Сенад Смаиловиќ, кој беше разрешен во текот на вчерашниот ден од градоначалникот Петре Шилегов.
Црничиќ досега беше вработен во правната служба на претпријатието, како дел од тимот на Смаиловиќ.
Градоначалникот Шилегов вчера на фејсбук ја информираше јавноста дека го разрешува директорот, без објаснување, а откако претходно дел од медиумите објавија дека наводно Смаиловиќ бил фатен од полицијата со кокаин.