Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе биде нов директор на Царинската Управа

by Fokus

Бобан Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово најверојатно ќе биде нов директор на Царинската управа неофицијално дознава „Фокус“.

Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Стефан Богоев, кој со Царина управуваше повеќе од една година.

Николовски пред две години е избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Тој на последните парламентарни избори беше избран и за пратеник во Собранието со мандат од 2024-2028 година.

Како што претходно веќе објави „Фокус“, само една недела по доаѓањето на „вмровците“ на власт, експресно почнаа со промена на раководните функции.

Досега се сменети неколку директори на скопксите клиники, а во текот на наредната недела се очекува повеќето институции да добијат нови директори.

Ирена Мулачка

Поврзани новости