Бобан Илиќ вратен во притвор по барање на обвинителство

by fokus

По барање на обвинителство, Бобан Илиќ е вратен во притвор каде ќе остане до правосилност на пресудата и отпочнување на издржување на затворската казна од шест години која му ја досуди судот во Куманово. На барање на обвинителството, судот ја одобрил мерката притвор за Илиќ, пренесе „Алмакос“.

Судот во Куманово го осуди Илиќ на шест години затворска казна за кривичното дело предизвикување тешки дела во безбедноста на сообраќајот. Тој е виновен за сообраќајната несреќа во која го прегази четиригодишниот Алмир Алиу во 2016 година, по што детето почина.

Таткото на Алмир е осуден на затворска казна од шест месеци за кривично дело насилство, а двајца членови на фамилијата Алиу добија по девет месеци.

Илиќ и претходно беше притворен, но излезе од притвор откако беше преквалификувано делото кое му се ставаше на товар.

Поврзани новости