БМВ денес објави дека ќе инвестира 600 милиони фунти или 750 милиони долари во изградба на две нови електрични верзии на Мини во Обединетото Кралство.
Производството на Мини Купер со три врати и Мини Асемен, компактен кросовер, треба да започне во фабриките на БМВ во Оксфорд и Свиндон во 2026 година, се вели во соопштението на компанијата, бидејќи сајтовите се подготвуваат да произведуваат само електрични возила од крајот на деценијата, јави Си-ен-ен.
БМВ кој е сопственик на брендот Мини од 1994 година, обезбеди инвестиција од мулти милиони фунти од владата на ОК за поддршка на развојот на локациите, објави во понеделникот британското одделение за бизнис и трговија. Портпаролот на одделот одби да даде конкретна бројка, повикувајќи се на комерцијална чувствителност.
Посветеноста на германскиот производител ќе ја обезбеди иднината на производството на Mini во Оксфорд, каде што пред 64 години се роди оригиналната класична верзија на малиот автомобил. Исто така, се чини дека претставува стратешко преиспитување. Пред речиси една година, БМВ изјави за весникот Тајмс дека планира да го префрли целото производство на Мини од Оксфорд во Кина од причини за ефикасност.
-Мини отсекогаш бил свесен за својата историја – Оксфорд е и останува срцето на брендот, рече Стефани Вурст, шеф на марката Мини во БМВ.
БМВ сепак ќе ги произведува истите модели во нова фабрика во Кина. Акциите на БМВ се зголемија за 1,3% по извештаите за новата инвестиција во Велика Британија