705
Германскиот авто гигант БМВ го менува логото со што сака да се приближи до помладите клиенти што се пораснати во дигиталното време.
-Стариот црн прстен е „тргнат“ за првпат, а новото лого симболизира мобилност и уживање во возењето. Тоа го изјави Јенс Тимер потпретседател во БМВ.
Паралелно со главното лого ќе се модернизира и логотипот на М-одделението како и електричните верзии со лого „И“. За сите заеднички е дводимензионалнот пристап што по мислење на компанијата изгледа многу помодерно.