Блумберг по грешка објави „Русија ја нападна Украина“

by fokus

Американската агенција Блумберг вчера на својата веб-страница објави наслов „Русија ја нападна Украина“, што предизвика шок во медиумите.

Набргу потоа објавата беше избришана, а медиумот информира дека веста е објавена по грешка.

-Подготвуваме наслови за различни сценарија и насловот „Русија ја нападна Украина“ беше случајно објавен на нашата веб-страница околу 16:00 часот во Источна временска зона (EST). Длабоко жалиме за грешката, се вели во денешното соопштение.

Се прецизира дека раководството на агенцијата ја разјаснува причината за тоа што се случило.

Поврзани новости