Блокирани телефоните за отштета на поплавените

by fokus

Дел од поплавените семејства никако не можат да стапат во контакт со надлежните за да ја добијат авансната помош од 500 евра.

Во изјава за Телма тие се жалат дека и вчера и денес на ниту еден од броевите на министерството за финансии не се јавил никој.

Дополнителен проблем им е што постојано треба да бидат покрај телефонот, иако имаат многу работа околу расчистувањето на куќите и дворовите.

Жителите од поплавените подрачја се плашат дали ќе успеат да ја приват штетата, со оглед на тое што рокот завршува утре во 19 часот.

Поврзани новости