Откако вчера „Фокус“ објави дека е блокирна трансакциската сметка на главната уредничнка на „Вечер“, Ивона Талевска, добивме информација дека блокада на сметката веќе подолго време има и Миленко Неделковски.
Поточно, неодамна адвокатот на новинарот Борјан Јовановски се обидел да наплати долг од Неделковски, но не успеал бидејќи извршителот му појаснил дека неговата сметка е блокирана. Јовановски го тужел Неделковски за клевета и навреда, а судот пресудил во корист нс тужителот. Па така, Неделковски на Јовановски требало да му исплати 40.000 денари отштета, а околу 50.000 денари на неговиот адвокат за процесни трошоци.
По правосилноста на пресудата Неделковски имал рок од 15 дена доброволн да ги подмири трошоците, но бидејќи не го сторил тоа адвокатот на Јовановски го дал на извршител, кој ги информирал дека сметката е блокирана.
„Фокус“ вчера објави дека и на Ивона Талевска веќе подолго време и е блокирана трансакциската сметка. Таа требало да подмири долг од околу 1.500 евра за адвокатски трошоци и судски такси. Во случајот Талевска била тужител, односно се почувствувала наклеветена и навредена од новинарски текстови, па поднела две тужби против новинари, една против Бранко Геровски, и втора против Мери Јордановска и Јадранка Костова. Но, бидејќи судот не пресудил во нејзина корист, сега треба да ги подмири трошоците.