411
Овоштарите денеска на еден час го блокираа патот Градско – Прилеп поради проблеми со откупот на праските.
Тие во знак на револт гo расфрлаа родот на патот и се заканија со радикализација на штрајкот доколку не им биде надоместена штетата.
Поранешниот заменик-министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски, пред една недела информираше дека родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета.
Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.