Блокиран е железничкиот сообраќај – протест на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт

by Fokus

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот започна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат оттаму, нема да тргне возот кон Битола.

Оттаму бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор.

Од Синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспорт и врски, до Министерството за финансии и до Владата.

– Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања – изјави Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.

Поврзани новости