Во американските држави Алабама и Кентаки, силно торнадо денеска оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил.
Градоначалникот на градот Селма, Џејмс Перкинс изјави за VSFA дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зграда, а можно е уште едно лице да се води за исчезнато, пренесоа светските агенции.
Повеќекратни предупредувања за торнадо се издадени денеска во Алабама, Мисисипи и Тенеси.
Националната метеоролошка служба во Луисвил, Кентаки потврди дека торнадо ЕФ-1 ја погоди областа Мерсер и дека има соборени далноводи, оштетени куќи и паднати дрвја.
Во соопштението на Националната метеоролошка служба во Бирмингем се вели дека торнадото предизвикало штета во градот Селма, како и низ другите окрузи во Алабама.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо во неколку области северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.
„Ова е ситуација е опасна по живот. Засолнете се веднаш”, предупреди метеоролошката служба.
Moments ago as the Alabama tornado moved north of Prattville and across Interstate 65 #alwx pic.twitter.com/VTcfyLDdXd
— Steve Glazier (@SteveGlazier) January 12, 2023