Близу Софија пронајдени најмалку седум закопани тела

by Fokus

Тела на седум постари лица се пронајдени во шума во близина на гробишта крај бугарскиот главен град Софија, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата соопшти дека првичната истрага покажува дека тие луѓе, чии тела биле закопани во шума, најверојатно починале од природна смрт, јавија локалните медиуми.

Според нив, истрагата за околу 50 лица укажува дека биле погребани како дел од илегална шема за погреби.

За случајот е приведен 51-годишен маж кој е обвинет за измама. Властите веруваат дека тој бил дел од поголема група и дека може да се откријат повеќе тела.

Полицијата тврди дека тоа лице земало тела од домови за нега на стари лица, наводно за кремирање, и наместо тоа ги закопувал во шума блиску до гробиштата.

За случајот започна предистражна постапка, вклучително и ДНК тестови.

 

Поврзани новости