Блиц: Полицијата и го зела телефонот на мајката на исчезнатата Данка и го испратила на вештачење

by Fokus

Сe уште се трага по двегодишното девојче Данко Илиќ, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, недалеку од Бор во Србија. Во моментот на исчезнувањето, Данка носела виолетови панталони и јакна во зелена маслинесто боја.

Како што неофицијално дознава Блиц, полицијата ги испитува сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски. Полицијата, дознава Блиц, го зела телефонот на мајката и го испратила на вештачење.

„Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат никаква можност додека не се испита детално“, вели извор на Блиц.

Веста за исчезнувањето брзо се прошири на социјалните мрежи. Во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани. Во Србија за прв пат е активиран Амбер системот за алармирање наречен „Најди ме“. Информација за исчезнатото девојче е испратена преку СМС до сите граѓани на Србија.

Поврзани новости