Блиски луѓе на Груби трупаат милионски бизниси и имот, тврди Лефков

by Fokus

Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, додека народот осиромашува, болни се молат за лек, ученици за книги, а сиромасите за храна, објави на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според Лефков, вработен во компанијата на братот на Груби основал компанија за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензиски пумпи Метролаб.

„Одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите што ги врши Бирото за метрологија е менувана два пати во последните 2 години, и тоа првиот пат непосредно пред да се отвори фирмата Метролаб од вработениот кај Груби, која ја потпишал лично Артан Груби, и вториот пар пред една година, потпишано од страна на Фатмир Битиќи. Ова се тие одлуки. Сопственикот на Метролаб, вработен кај братот на Груби, иако газда на фирмата за баждарење, останува шалтерски вработен кај Груби една година по основањето на фирмата, а си заминува од истата неколку недели пред измена на Одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите кои ги врши Бирото за метрологија и овластено лице“, рече Лефков.

Поврзани новости