Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Државна Лотарија, a денес продолжуваме со нови скандалозни информации кои дополнително ќе потврдат дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание, обвини Бујаре Абази од ВЛЕН.
-Во мрежата на главниот извршител Артан Груби се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење. Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети. Овие два тендера се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери – вели таа.
Абази смета дека интересно е да се види како раководството на таканаречениот Европски Фронт ќе му објасни на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта.