Блинкен врши притисок да го прифатиме договорот со Израел, тврдат од Хамас

by Fokus

Сами Абу Зухри – високиот функционер на милитантната група Хамас денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

– Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави – вели Абу Зухри за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколкупати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата.

Поврзани новости