Блинкен: Војната во Украина ќе потрае, но Русите ќе ја сфатат грешката

by Фокус

Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен денеска изјави дека војната во Украина „веројатно ќе потрае значителен временски период“.

На прес-конференција во Брисел, Блинкен рече дека „Украина постигнува вистински видлив напредок во контраофанзивата, во обид да врати делови од земјата кои беа окупирани од Русија“.

-Многу руски војници во Украина не ни знаат што воопшто прават таму. Некои не ни знаеја каде ги испраќаат. Извештаите покажуваат дека имаат морални проблеми. Кога не знаеш за што се бориш, тоа не е одржливо – рече Блинкен.

Според него, Русија сега има значителни воени ресурси, но Русите на крајот ќе сфатат што значи оваа инвазија за нив.

-Како тоа што го прави Путин ги подобрува нивните животи? Како тоа им помага? Каква иднина ќе имаат, какви можности ќе имаат? Никакви, токму спротивното. Путин ја отсекува Русија од светот. Тој ги исцрпува ресурсите што му се потребни на рускиот народ – рече Блинкен.

Поврзани новости