Блинкeн: Украина може да ја победи Русија

by Fokus

Американскиот државен секретар Антони Блинкен за Би-Би-Си кажа дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија.

Тој не можеше да процени колку долго конфликтот би можел да трае, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.

-Оваа издржливост на украинскиот народ е неверојатна. Ако Москва се обиде да ја собори украинската Влада и да воспостави марионетски режим, 45 милиони Украинци ќе го одбијат тоа на овој или оној начин. Текот на нападот досега не се одвиваше како што Путин планираше, рече Блинкен.

Државниот секретар вчера изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот.

-Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да се прекрши неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија за да продолжиме да ја повторуваме во сите делови на светот“, рече Блинкен.

Поврзани новости