Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа телефонски разговараше со претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас за обезбедување на мерките за прекинот на огнот што стапи во сила помеѓу Палестинците и Израел, соопшти Стејт депертментот.
Блинкен истакна дека САД се посветени на соработката со Палестинската управа и со Обединети нации за пружање на брза хуманитарна помош и мобилизација на меѓународната поддршка за обнова на Појасот Газа.
Во конфликтот помеѓу Израел и палестински Хамас убиени се стотици, раселени илјадници луѓе од своите домови и разурната е клучна инфраструктура.
Според палестинското Министерство за здравство во израелските воздушни напади што почнаа на 10 мај врз Појасот Газа загинале 243 Палестинци, од кои 66 деца. Додека според израелските медицински податоци во нападите на Хамас во Израел загинале 12 луѓе.