Блинкен: Руските сили и функционери извршија злосторства против човештвото во Украина

by Fokus

Врз основа на внимателна анализа на законот и достапните факти, утврдив дека припадници на руските сили и други руски функционери извршиле злосторства против човештвото во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Припадниците на руските сили егзекутирале украински мажи, жени и деца, мачеле цивили во заробеништво со тепање, електрошокови и лажни егзекуции, вршеле силувања и заедно со други руски функционери депортирале стотици илјади украински цивили во Русија, вклучително и деца кои биле насилно одвоени од нивните семејства, рече Блинкен, соопшти Стејт департментот.

Овие дела не се случајни или спонтани, тие се дел од широк и систематски напад на Кремљ врз украинското цивилно население, нагласи тој.

Поврзани новости