Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, наведувајќи во исто време дека САД ги ценат чекорите на Израел за минимизирање на цивилните жртви, но дека тоа не е доволно.
Блинкен истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината на помош што влегува во Газа, пренесе АП.
Concluded a substantive India-US 2+2 Ministerial Meeting.
Followed up on PM @narendramodi’s State visit to the US this June.
Our agenda covered advancing our strategic partnership, including elevating our defense ties, moving forward in space & tech, future logistics… pic.twitter.com/f7ezKlM0tj
— Dr. S. Jaishankar (@DrSJaishankar) November 10, 2023
Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и уште еден безбеден коридор за намалување на цивилните жртви и зголемување на помошта за Палестинците.
Министрите за надворешни работи и за одбрана на САД и на Индија се состанаа денеска во Њу Делхи за да разговараат за безбедносните прашања кои ги вклучуваат Индо-Пацификот, Кина и војната меѓу Израел и Хамас.