235
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигнува во Тел Авив.
Според најавите од Белата куќа, тој ќе ја повика израелската влада да се согласи на пауза во конфликтот што го води во Појасот Газа.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД не се залагаат за општ прекин на огнот, туку за „привремена, локализирана“ пауза.
Блинкен рече дека за време на неговата посета на Израел ќе разговара за конкретни чекори за намалување на штетните ефекти од конфликтот врз цивилите во Појасот Газа.