Блинкен ненајавен во Киев: Слободна Украина е најсилниот отпор кон Путин

by Fokus

Слободна, напредна Украина е најсилниот отпор на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Блинкен, кој претходно денеска беше во ненајавена посета на Киев и се сретна со Зеленски во претседателскиот штаб на Банкова во Киев, на социјалната мрежа Х напиша дека повторно дошол за да покаже „непоколеблива поддршка за Украина додека ја брани нејзината слобода од руската агресија.

Зеленски му рекол на американскиот дипломат дека тоа е тежок период за украинските војници, особено на истокот на земјата, и му се заблагодарил на Блинкен за клучниот пакет воена помош што Конгресот го донесе минатиот месец, пишува Би-би-си.

Тој додаде дека од клучно значење е оружјето да се достави што е можно побрзо. Тој зборуваше и за нерешените потреби на Украина, оценувајќи дека противвоздушната одбрана е „најголемиот дефицит“, што сега е случај во Харков.

Блинкен рече дека се восхитува на извонредната издржливост на Украина, како и на силното лидерство на Зеленски.

Тој призна дека тоа е „предизвикувачки период“, но дека американската помош е „на пат“, што според него ќе направи „клучна разлика“ на бојното поле.

Поврзани новости