Блинкен: Mаск е граѓанин на САД, има право да го изрази своето мислење

by Fokus

„Милијардерот Илон Маск го изразува своето мислење како граѓанин и тој има право на тоа“, рече денеска шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен.

– Приватно, граѓаните во нашата земја можат да кажат што сакаат – рече Блинкен на прес-конференцијата со неговиот француски колега Жан Ноел Баро.

Блинкен рече дека Маск, како и секој Американец, има право да го каже своето мислење.

Маск на својата социјална мрежа Х, ги коментира политичките случувања во Велика Британија и Германија.

Неколку високи европски претставници ги осудија неговите ставови.

Поврзани новости