562
Американскиот државен секретар Антони Блинкен телефонски разговарал со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по што на Твитер напиша дека можноста за разговорот дошла „на време“.
– Континуираната соработка со нашиот НАТО сојузник Турција за заеднички приоритети е од огромно значење. Исто така ја искажав нашата поддршка за конструктивни разговори со Грција и го истакнав значењето на демократијата и човековите права, напиша Блинкен.
Во меѓувреме, како што јави ТРТ, и портпаролот на САД Нед Прајс во писмено соопштение во врска со телефонскиот разговор Блинкен-Чавушоглу истакна дека двајцата дипломати разговарале „за значењето на соработката меѓу САД и Турција вклучувајќи ги и заедничките интереси во Сирија и Авганистан“.