Блинкен: Кина вети дека нема да и испраќа оружје на Русија

by fokus

Кина го повторила своето ветување дека нема да испраќа оружје во Русија за војната против Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата дводневна посета на Пекинг.

-Ние, како и другите земји, добивме гаранции од Кина дека не испраќала и нема да испраќа смртоносна помош на Русија за употреба во Украина. Не видовме докази за спротивното. Но, она што сè уште не загрижува е можноста кинеските компании да ја снабдуваат Русија со технологија што таа може да ја користи за да ја продолжи својата агресија против Украина, рече Блинкен.

Кина тврди дека е неутрална во конфликтот и повикува на почитување на суверенитетот на државите, вклучително и на Украина, но никогаш јавно не ја осуди воената агресија на Русија.

Поврзани новости