461
Кина увери дека нема и нема да испрати смртоносна технологија во Русија, но САД остануваат загрижени дека кинеските компании би можеле да го сторат тоа, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој е во посета на Пекинг.
„Она за што постојано сме загрижени се кинеските компании кои можеби и обезбедуваат на Русија технологија што таа ја користи за ширење агресија во Украина. Побаравме од кинеската влада да внимава на таквите активности“, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА.