566
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки дела“, по откривањето стотици тела закопани во близина на украинскиот град Изјум, посочувајќи дека можеби станува збор за воени злосторства.
-Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во Украина. Можете да видите што оставаат зад себе – рече тој.
Украина денеска соопшти дека открила 450 гробови во Изјум, град североисточно од Харков, од каде неодамна беа протерани руските сили.