Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека ако Кина одлучи да почне да испорачува оружје на Русија или систематски ги заобиколува антируските санкции, тоа би можело да стане „сериозен проблем“ во односите меѓу Пекинг и Вашингтон.
– Доколку Кина се вклучи во испорака на смртоносно оружје за поддршка на руската агресија или систематско заобиколување на санкциите за да и помогне на Русија, тоа ќе биде сериозен проблем за нашите земји – рече Блинкен на прес-конференција по министерскиот состанок на Г20 во Индија.
Тој потсети дека за тоа претходно било разговарано на ниво на лидерите на двете земји и во разговори со други високи претставници на САД и Кина.
„Нема да опишувам детално, но, секако, имаме можност да наметнеме разни санкции – одговори Блинкен.
Според американскиот државен секретар, „во моментов нема докази дека се случуваат такви пратки, но има докази дека се разгледува таква можност“.
„Ова е општа загриженост. Многу партнери изразуваат загриженост за ова не само во контактите со нас, туку и директно со самата Кина, вклучително и овде во Њу Делхи – рече Блинкен.