Блинкен до Абас: САД го поддржуваат создавањето на палестинска држава

by Fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во ненајавена посета на Западен Берг и се сретна со претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас.

– Блинкен ја потврди посветеноста на САД за обезбедување хуманитарна помош и повторно воспоставување на основни услуги во Газа. Тој, исто така, јасно стави до знаење дека Палестинците не смеат да бидат насилно раселени, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Тој додаде дека Блинкен и Абас разговарале и за напорите за враќање на мирот и стабилноста на Западниот Брег, вклучувајќи ја и потребата да се „запре екстремистичкото насилство врз Палестинците и да се повикаат на одговорност напаѓачите“.

Блинкен на средбата со Абас повторил дека САД остануваат „посветени на унапредување на еднакви мерки на достоинство и безбедност за Палестинците и Израелците“.

Американскиот државен секретар посочил дека САД работат на „остварување на легитимните аспирации на Палестинците за формирање на палестинска држава“.

Поврзани новости