Блерим Река ќе се кандидира за претседател

by fokus

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот профил на Фејсбук потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори. На својот фејсбук профил тој објави дека се кандидира затоа што е потребен кандидат од албанската етничка заедница.

-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија; со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците; интелектуалците само пишуваат за историјата, напиша професорот Река во својот профил.

Поврзани новости