Благоја Грујовски: Нема место за ривалство, најкомотно ми е во друштво со колегите!

by fokus

Прво настап, а потоа дружба со колегите, така завршуваат речиси сите музички ангажмани, вели фолк пејачот Благоја Грујовски, кој заедно со свои колешки завчера гостуваше во Пробиштип, по повод празникот на рударите.

За ,,Фокус” раскажува дека приказните за ривалство на естрадата се можеби само нечиј маркетиншки трик за да се сврти внимание, но во реалност, секогаш владеела колегијалност и нашите фолк музичари приватно се дружеле и добро се согласувале.

-Како и секогаш после настап, така и завчера седнавме колегијално да одмориме во Пробиштип. Гостувавме на прославата која традиционално ја организира компанијата Булмак (рудниците Злетово и Тораница), за своите вработени – вели Грујовски, кој објави заедничка фотографија со колешките Сузана Гавазова со сопругот Јасмин, Татијана Стефановска, Адријана Ацевска, водителката Ирена Спировска…

Појаснува дека нашиот естраден пазар не е голем, па сите меѓусебно се знаат, и многу често ја делат истата сцена за време на разни музички манифестации.
Тоа што се дел од истата бранша, секогаш било причина повеќе за да имаат заеднички теми и интереси, и да бидат дел од едно големо музичко семејство.

-Јас лично најкомотно се чувствувам во друштво со луѓе од мојата музичка бранша. Со повеќето од нив сме навистина добри другари. Меѓусебна поддршка сме си, и сметам дека така треба да биде секаде, во секоја една фирма или било каква организација, мора да постои почит и близина помеѓу колегите – раскажа Грујовски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости