Фолк пејачите Благоја Грујовски, Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски беа музички гости во Канада, на настан организиран од управата на Македонската православна црква Свети Илија во Мисисага.
Веселбата се одржала по повод Стара Нова година, и била една од најмасовно посетените од страна на нашите иселеници. Како што раскажуваат дел од иселениците, биле присутни над 1.200 гости кои се забавувале со песните на фолк музичарите.
-Вредеше секој километар! Бевте прекрасни, над 1.200 гости во Мисисага, благодариме Канада, порача Влатко Миладиноски.
Картите, односно ваучерите за вечера на прославата се продавале по цена од 125 долари.
Исто така, присутните имале можност да дегустираат и традиционални балкански специјалитети, односно ајвар и други домашни производи од пиперка, кои ги произведувале и од неодамна ги пласирале на канадскиот пазар наши иселеници.
Вики Клинчарова