913
Популарниот музичар Преград Живковиќ Тозовац на свои 85 години го победи корона вирусот. Како што известуваат српските медиуми, тој бил хоспитализиран на почетокот на месецот, со позитивен тест, и со воспаление на белите дробови.
Само неколку дена пред да се инфицира, ја примил втората доза на кинеската вакцина, што според тамошните здравствени работници е причина поради која избегнал респиратор и се излекувал.
-Благодарение на вакцината немаше потешки симптоми, беше на кислородна поддршка само поради претпазливост, со оглед на неговата возраст – изјавиле од КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде Тозовац беше хоспитализиран.
Тој за неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување.
Вики Клинчарова