Благајничка во подружница на „Водостопанство“ присвоила над 20.000 евра

by Fokus

МВР информира дека СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И.(26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Информациите се дека пријавената, вработена како благајник во АД „Водостопанство“ на РСМ, подружница „Струмичко поле“ – Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД „Водостопанство“ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари (околу 20.800 евра), доверени од директорот на претпријатието.

 

 

Поврзани новости