774
Во Словенија во изминатите 24 часа се регистрирани 2.245 нови случаи на коронавирус, што е благо намалување во однос на претходната недела, а починале уште 19 пациенти, покажуваат денешните податоци на Националниот институт за јавно здравје.
Состојбата во болниците се уште е критична, со стапка на позитивност од 47,4 отсто. Владата соопшти дека 1.126 лица во моментот се лекуваат од коронавирус во болниците, 26 повеќе од претходниот ден, додека 269 пациенти се на интензивна нега.
Најмладиот пациент кој е на интензивна нега има 29 години, а најмладиот кој е во редовната ковид зона на болницата има 10 години.
Инаку, во земјава сега има 44.629 активни случаи, што е за 84 помалку од вчерашната бројка.