Во четвртокот на Вол Стрит се тргуваше претпазливо, при што Dow Jones и S&P 500 паднаа поради скромните оперативни резултати на Дизни и проблемите во регионалните банки.
“Dow Jones“ загуби 0,66 отсто, на 33.309 поени, а „S&P“ 500 загуби 0,17 отсто, на 4.130 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,18 отсто, на 12.328 поени.
Најмногу вчера падна цената на акцијата на „PacWest Bancorp“, откако регионалната банка објави дека нејзините депозити се намалени за 9,5 отсто минатата недела и дека презема мерки за зголемување на ликвидноста.
Ова изврши притисок и врз некои други регионални банки, бидејќи инвеститорите не се сигурни кои ќе наидат на проблеми, а кои се стабилни. Индексот KBW на регионалните банки падна за 2,4 отсто.
Бројот на претплатници на телевизискиот сервис Дизни е намален
„Мислам дека проблемите не се низ целиот сектор, туку од банка по банка. Веројатно ќе има дополнителна консолидација и главоболки за инвеститорите во регионалните банки“, рече Оливер Пурше, потпретседател во „Wealthspire Advisors“.
Акциите на Волт Дизни вчера беа меѓу најголемите губитници, со пад на цената од речиси 9 отсто.