На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна откако минатата недела скокна за 1,7 отсто и го урна, за првпат од јули 2020 година, нивото од 97 поени.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 97,15 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 97,25 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 115,25 на 115,50 јени.
Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.11665 долари, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 1.11150 долари.
Се очекува ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки во март, првпат од декември 2018 година. Во истиот месец, Централната банка би можела да ја прекине својата програма за купување обврзници, а потоа да почне да ги намалува своите биланси.
До крајот на годината ФЕД би можел да ги зголеми каматните стапки за дури петпати поради високата инфлација.
Оваа недела, сепак, каматните стапки може да ги зголеми Британската централна банка, со оглед на високото ниво на инфлација во таа земја.
Седница ќе одржи и раководството на Европската централна банка, но не се очекуваат промени во монетарната политика.