Русија: Испораката на данските ловци Ф16 на Украина ќе доведе до ескалација на конфликтот

by Fokus

Рускиот амбасадор во Данска Владимир Барбин изјави дека испораката на данските ловци Ф-16 во Украина ќе доведе до ескалација на конфликтот

Криејќи се зад премисата дека Украина самата треба да ги одреди условите за мир, Данска со своите постапки и зборови се обидува да му остави на Киев друг избор освен да го продолжи воениот конфликт со Русија – рече Барбин.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги посети Холандија и Данска, кои ветија дека ќе испорачаат борбени авиони Ф-16 на Украина. Украинскиот претседател рече дека тоа ќе ја зајакне одбраната на земјата.

Тој рече дека Украина треба да биде соодветно опремена за да се одбрани од многу посилните руски сили и се заблагодари на Данска за досегашната поддршка.

Поврзани новости