Актуелна тема помеѓу љубителите на филмската уметност деновиве е делото на режисерот Гоце Цветановски, политичкиот трилер ,,Бизнисот на задоволството” кој пред шест дена премиерно се прикажа во ,,Синеплекс” во Скопје, а потоа продолжи со проекции и во други градови во Македонија.
Филмот кој е финансиран од Агенцијата за филм, досега добил 32 селекции и десет меѓународни награди, од кои пет за најдобар филм, а домашната публика во кино салите го дочекува со нетрпение. Ја обработува темата трговија со луѓе, присилна проституција, корупција…
Оние пак, кои го изгледале, го опишуваат како доста храбар проект, професионално изработен, со фантастично одиграни улоги.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Веќе два дена по ред е најгледан филм на репертоарот на ,,Синеплекс” и продолжува со прикажување во кино салите во земјава.
Вики Клинчарова