544
Бизнисменот Сеад Кочан кој требаше да се пакува за во затворот „Идризово“, бидејќи на 17 јули треба да се пријави за издржување на казната затвор од 4 години и 8 месеци, е примен на лекување во болница.
Кочан за својата здравствена состојба денеска го известил и Кривичниот суд, но сѐ уште не поднел ново барање за одложување на издржувањето на казната.
Кочан, спасот од затвор го бара и во Врховен суд, каде што бара вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Труст“.