Бизнисменот Камчев и новинарката Трајковска ќе сведочат за случајот „Тортура“

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев и новинарката Оливера Трајковска, ќе сведочат на наредното рочиште за случајот „Тортура“, односно за нечовечкото апсење на Љубе Бошкоски, во кој еден од обвинетите е Сашо Мијалков, екс директорот на УБК.

Овие сведоци се повикани бидејќи беа објавени „бомби“, во кој разговараат за апсењето на Бошкоски.

Покрај Камчев, кој е осомничен во предметот на СЈО „Империја“ и новинарката Трајковска, СЈО за сведок го бара и Иво Котевски, поранешниот портпарол на МВР.

На денешното рочиште сведочеа четворица вработени во МВР, кој немаа детали за акцијата.

Наредното рочиште ќе се оддржи на 30 јуни.

В.В.

Поврзани новости