Бизнисмени од Косово блиски до српската власт на црна листа на САД

by fokus

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за српските бизнисмени и политичари од Косово, Звонко Веселиновиќ и Милан Радоичиќ, јавуваат српските медиуми.

Двајцата бизнисмени се блиски со владејачката Српска напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ, а Радоичиќ е и висок претставник на Српската листа – главната политичка сила на Србите во Косово.

Во образложението на одлуката на американскиот Стејт департмент се наведува дека Веселиновиќ е водач на организирана криминална група и една од најозлогласените корумпирани личности во Косово. Се наведува и дека тој е ангажиран во голема шема за подмитување на српски и косовски безбедносни функционери, која овозможува трговија со оружје и дрога помеѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во минатото беше прашуван за наводните врски со Веселиновиќ, но тој тврдеше дека го видел само двапати во животот, кога бил во посета на српските општини во Косово.

Поврзани новости